Во пресрет на денешниот протест на Албанците во Скопје

Полицијата вчера масовно апсеше низ скопски Чаир

Триесетина лица од скопски Чаир, сите учесници на минатонеделните насилни протести во Скопје, биле уапсени вчера вечерта во голема полициска акција.

 

Како што дознаваме, тоа се лица што полицијата ги идентификувала како водачи на протестите, а уапсени се пред новите најавени протести на граѓаните од албанска националност, кои треба да се одржат денеска по завршувањето на петочната молитва во Јајапашината џамија во Чаир.

Од полицијата ги потврдија вчерашните апсења и најавија дека ќе продолжат да апсат.

„Полицијата ќе продолжи да ги приведува сите лица за кои има сознанија дека учествуваа во минатонеделните насилства“, изјави Иво Котевски, заменик – министер во МВР задолжен за односи со јавноста.

Граѓаните од албанска националност, преку социјалните мрежи, веќе неколку дена се самоорганизираат за денешните протести. Како место на собирање е одредена Јајапашината џамија, а протестите треба да почнат околу 12.30 часот, кога завршува петочната молитва во џамијата. Според најавите, протестантите оттука ќе тргнат кон Владата, каде што ќе го изразат револтот поради тепањето млади Албанци од страна на Македонците, кои ден претходно протестираа поради назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Од исти причини тие се собраа и минатата сабота, но протестот ескалираше во големо улично насилство и напнати меѓуетнички тензии. Тие се собраа пред Владата, но собирот веднаш ескалираше во улично насилство, во кое беа повредени повеќе граѓани, полицајци, беа демолирани десетици автомобили, а беше и запален еден автобус на ЈСП.




Е.З.

Се шири нешто што може да го наречеме „зомби-демократија“ - живи мртовци на изборните политички системи, препознатливи по форма, но лишени од секаква суштина.

повеќе

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе