Ескалација на протестниот марш за „Монструм“

Полицијата тргна во разбивање на протестот

Во 14.45 со помош на оклопни возила и испукан солзавец, полицискиот кордон тргна во разбивање на толпата која веќе половина час ја напаѓа полицијата. И покрај  апелите на организаторите и обезбедувањето на протестот, дел од толпата не се повлече и продолжи да напаѓа фрлајќи разни предмети кон полицијата. Ситуацијата е тензична. Има повредени полицајци и демонстранти.

Во моментов, полицијата ја истурка толпата во близината на Бит пазар, откако беше стационирана недалеку од крстосницата кај Судот, поточно во линијата со ТЦ „Мавровка“.

Се слушаат детонации од испукан солзавец, шок-бомби и сирени од итна помош.

Претходниот посериозен напад се случи во 14.25 часот, кога се виде дека еден полицаец е повреден. Дел од толпата нападна директно врз полицијата, дел фрлаа разни предмети кон кордонот.

Нападот беше одбиен, а влијателни личности успеаја да ја убедат толпата на повлекување кон Чаир. Но, не сите го послушаа апелот. Дел, особено млади лица, продолжија да фрлаат камења и разни предмети кон полицијата.

Еден од организаторите на протестот, Бедри Ајдари, чиј роднина е осуден во судскиот процес, се обиде да преговара со полицијата, повикувајќи се на правото на протест, барајќи полицијата да се тргне и да овозможи протест да изразат пред Кривичниот суд кој донесе максимални пресуди за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилковското езеро.

Полицијата очигледно е дека има наредба да не дозволи протест пред Кривичниот суд и Владата, која беше крајната дестинација на преотестниот марш.

П.Џ.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе