Полицајката која беше нападната од Бекир Асани даде отказ

Полицајката Јасмина Ангелеска која во јавноста стана позната по инцидентот кој го имаше со функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кога со пајак возило се обидуваше да го отстрани неговиот автомобил, при што беше нападната од него, денеска на Фејсбук објави дека заминува од МВР.

Ангелеска вели дека отказот следи поради „серијата навреди“ кои и биле нанесени без притоа да го спомне инцидентот со Бекир Асани.

„Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години. Ајде да ја решиме дилемата, мојот стаж во МВР заврши. Јас повеќе не се пронаоѓав таму. Ми нанесоа неправди, зошто така се чуствуваа дека треба, старешини во МВР (очигледно на некого не сум му се насмеала), а не зошто јас придонесов со моето работење.

Тие старешини за мене ќе останат партиски послушници кои се на позициите пред се за личен интерес а и за пред луѓе, комшии ,пријатели, да си ги излечат комплексите кои им се на високо ниво. Да не навлегувам околу нив, ќе треба многу да се пишува, има Господ за нив, нема да ги заборави, што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ а не се свесни колку се немоќни, мизерни, неспособни, неписмени, неподобни. Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците на штета на МВР, а како што пишав хранејќи си го гладното „мизерно его“, а во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови.

За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија, секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска каде повеќе од виш инспектор не седнал таму, зошто другите не грешат, „писмени се“? А и тие на таа дисциплинска се началници и старешини, судот на МВР. Кога ќе видиш, истиот те тужи, истиот ти суди. Тој систем повеќе неможам да го поднесам, каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте. Не е голема работа дека јас сум си заминала, се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму, ама друго ме плаши, самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат, постапуваат, работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството, недовербата на граѓаните од полицијата. Дојде ред да си заминеш од онаму каде се ти е познато, каде се твоите намили,каде си стварал, каде си се родил за да одиш некаде само затоа што трудот и работата се гледа и цени.

На сите колеги им посакувам успешна кариера и многу од нив ќе ми недостасуваат. Господ да е секогаш и секаде со вас и да ве штити ,па се гледаме во подобри времиња“, напиша Ангелевска во објава на незјниот фејсбук-профил.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе