Левица ќе собира граѓански потписи

Поднесовме иницијатива за референдум, не очекуваме силеџиска реакција од Џафери, рече Апасиев

За прашања од национален интерес народот мора да го има последниот збор, рече претседателот на Левица Димитар Апасиев, откако тој со сопартијци до Државната изборна комисија поднесоа предлог за покренување граѓанска инцијатива на државно ниво, за распишување на задолжителен дополнителен референдум на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“? Апасиев вели дека „прашањето е интелигентно срочено како што тоа беше со Преспанскиот договор“.

Апасиев нагласи дека очекува да нема проблеми како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не треба да има проблеми бидејќи иницијативата е правно коректно напишана согласно член 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните“, рече Апасиев.

Тој очекува до крајот на неделата да бидат собрани законски потребните минимум потписи.

„Ги повикуваме и граѓаните, бидејќи во 30 општини предложивме да се собираат потписи. Ќе ја користиме инфраструктурата на Левица, бидејќи законот не дозволува правно лице, јас како физичко лице прво потпишан, ќе бидам официјално овластен предлагач на иницијативата, и очекуваме веќе следната недела да ја пуштиме во собраниска процедура каде што би дошла на оние собраниски филтри, без Џафери силеџиски да изигрува уставен судија. Тој нема такви ингеренции, може само формално да даде забелешки за адресата и слично, но не може да отфрла. 150 илјади потписи, согласно нашиот закон треба да се соберат во рок од 90 дена, и после бирократските бариери се надеваме дека тие ќе бидат брзо собрани некаде до крајот на оваа календарска година“, рече Апасиев.

Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на Левица истакна дека очекуваат поддршка од сите опозициски партии. Доколку е потребно, вели Апасиев, би седнале и официјално би разговарале со партиите.

Појаснувајќи ја доставената иницијатива, Апасиев посочи дека истата се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.

„Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати францускиот предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти-ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти-ЕУ“, рече Апасиев.

Левица најавува целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и оваа Иницијатива.

Иницијативата на Левица за референдум ќе ја поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, порача претходно и лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Најмалку сто потписи се потребни за да може Иницијативата да се достави и во Собранието на Македонија.

Претходно, иницијативата за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија што ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на 9 септември беше отфрлена од страна на Џафери со образложение дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе