Почна средбата на Ковачевски и Мицкоски

Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство. Премиерот веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе