Дваесет години од трагичниот 8 август

Почит за загинатите резервисти кај Карпалак, бранителите незадоволни од односот на државата

Со панихида и цвеќе пред спомен - плочата кај Карпалак на автопатот Тетово - Скопје утрово им беше оддадена почит на десетте бранители, прилепски резервисти, кои од заседа беа убиени на денешен дена пред дваесет години, во воената 2001 година. Со проектил од ракетен фрлач беше погоден автобусот со кој резервистите патуваа кон тетовскиот регион каде се водеа борби. Преживеаните резервисти се незадоволни од, како што велат, негрижата за местото каде беа убиени нивните другари, но и односот на државата кон бранителите и нивните семејства.

Почит ма загинатите бранители им оддадоа делегација од Министерството за одбрана и Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, пратеници, општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

Говор одржа државниот секретар Николиќ кој нагласи дека овој трагичен настан остави длабоки лузни во колективната меморија, а државата загуби десет свои сограѓани кои својот живот го ставија во служба на добро на државата.

„Албанските терористи тука го извршија еден од своите најсмртоносни напади убивајќи десет наши сограѓани, а повеќемина беа ранети и имаат и ден денес последици по здравјето. И денес останува нејасно како оние што го испратија конвојот, дозволија колоната да биде пуштена без преземени борбено – безбедносни мерки и покрај тоа што органите на одбраната и безбедноста имаа многу информации за присуство на припадници на УЧК во овој дел од земјата. Крајно време е, а и бранителите тоа го очекуваат, да се преземат мерки за расчистување на одговорноста. Ваквите дела на убијците не застаруваат, но досега никој не е изведен пред лицето на правдата", рече Марин Најдов од Одборот на бранителите.

Преживеаните резервисти со мака и грутки во грлата се потсетија на трагичниот ден, но и говореа за негрижата на државата кон нив, и кон семејствата на бранителите. Меѓу нив имаше незадоволство од протоколот и беа уверени дека некој намерно го изменил во однос на тоа како овој настан беше одбележуван во минатите години. Тие изразија незадоволство и затоа што не се одржува местото каде е спомен плочата и затоа што нема споменик. Бранителите рекоа и дека со грижата на албанскиот политички фактор, многу е подобрен животот на борците од ОНА и нивните семејства, па дури и дека им се обезбедени пензии.

За статусот на бранителите говореше и Ацо Јованоски-Реган, возачот на автобусот, кој возејќи го запалениот автобус кон засолниште спаси многу животи од нападот кој продолжувал.
Почит кон загинатите бранители од синоќа се оддава и во Прилеп, пред споменикот во градот, како и на гробиштата на загинатите резервисти.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе