Почина поранешниот градоначалник на Бутел Петре Латиновски

Почина првиот градоначалник на општина Бутел Петре Латиновски. Веста вечерва ја објави актуелниот градоначалник на општината Дарко Костовски.

„За жал вечерва не напушти првиот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски.
Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните. Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални проекти за Општината.
Или како што милуваше да рече "Јас работев под земја, на атмосферска и фекална канализација"
За време на третиот мандат на Латиновски бев советник во Општина Бутел, понекогаш имавме различни ставови но сепак научив корисни примери за работењето и ефикасното функционирање на општината.
Почивај во мир!“, напиша Костовски на својот Фејсбук профил.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе