За достоинствен изглед на полициските службеници

По виндјакните, МВР набави нови панталони и здолништа за полицијата

Откако минатата недела МВР се пофали дека за полицајјците набави 8.000 виндјакни, денеска јавноста е информирана дека се набавени 16.000 парчиња нови зимски и летни панталони и здолништа. Вредноста на оваа облека која пристигнала во магацините, изнесува  31.008.559 денари со вклучен ДДВ, што значи дека просечната цена по парче е нешто помалку од 2.000 денари. Се очекува и набавка на чизми и ремени. Преку фотографијата за набавката на панталони и здолништа која ја споделува МВР се порачува: „Опремена полиција - безбедни граѓани“.

„Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски зимски и летни панталони и по 790 зимски и летни здолништа, а согласно динамиката на испорака очекуваме пристигнување на високи специјални чизми и ремени со кои ќе се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година“, информираат од МВР и додаваат дека откако министер е Оливер Спасовски во унирформи биле инвестирани околу 10 милиони евра.

Според министерството, сите организациони единици на полицијата добиле нови униформи, специјалните единици повеќе комплети нова униформа.

„Униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само за шест месеци во претходната 2021 година, од месец јули до месец декември, обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња "поло" маици, 10.000 рала полувисоки чевли“, велат од МВР.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе