Реакција на кекеновски и рамадани

По вчерашниот крах на преговорите во Пржино, ЕУ и САД ќе мора многу посериозно да се ангажираат

И професорот Јове Кекеновски и политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани се согласни во оценката дека по вчерашниот неуспех во договорањето за спроведување на договореното во Пржино, ЕУ и САД ќе мора многу посериозно да се ангажираат за излез од оваа веќе и предолга македонска политичка криза.  

Ова што се случи вчера покажува дека кај дваjцатa лидери на македонските политички партии нема ниту ,,Д” од демократски и државнички капацитет, ниту ,,Ф ”од фер однос и коректен однос, ниту грам милост и грижа за граѓаните на Рeпублика Македонија, вели во изјавата за МКД.мк професорот Јове Кекеновски, член на раководството на здружението ФРОДЕМ.

Јове Кекеновски „И едниот и другиот ги интересираат само нивните лични и партиски интереси. Ова е врв на нивната хипокризија. И едниот и другиот бараат спас за сопствената кожа. Груевски преку непрочистен список и преку контролата над медиумите сака да спроведе избори и да победи. А Заев е соочен со внатрепартиските проблеми, опструкиции и неединство, како и со досегашната неефикасност  на нивните министри и дополнителни заменици министри, и бара да добие повеќе време за да се исполнат останатите услови од договорот, но и време некој  друг му ја заврши работата (да покрене кривични пријави и да има апсење) за да си обезбеди подобра стартна позиција пред  изборите“, вели Кекеновски.

За него излезот од оваа ситуација е само во посериозниот аангажман на ЕУ и САД во надминување на оваа македонска политичка криза.

„ЕУ и САД треба да ги покренат механизмите и инструментите кои и досега ги употребувале кон други политичари, како на пример да ги прогласат за персона нон грата во нивните држави, да им  ги замрзнат имотите и финансиските средства со кои располагаат, или пак под итно да ги викнат надвор од државата и да ги натераат да се договорат за доброто на државата. Во меѓувреме, чинам дека е дојдено време да се размислува за некоја принудна технична влада која ќе создаде услови за фер и демократски избори, во која нема да учествува никој од досегашниве високи функционери на овие две партии“, вели Кекеновски.

И аналитичарот Рамадан Рамадани се надева на поголема ангажирааност на ЕУ во целиот овој процес.

Рамадан Рамадани „Од вчера Пржино е рането, но не и докрајчено. Лошото во ова е што многу малку се споменуваат вистинските сопки за Пржино - преговорите за медиумите и инсистирањето на албанските партии изборите да се одржат во април, но не подоцна кога нивната опозиција, албанските, засега, непарламентарни партии, се надеваат на поголем одѕив на албанските гласачи. Со тоа би се урнисала шемата на ДУИ и ДПА која сега без Груевски опстојува само заради неизлезеноста на албанските гласачи. Доброто од вчера е дека ќе следи поголема ангажираност на ЕУ во целиот овој процес, нешто што се чини неопходно за земја во која има потреба да штрајкуваат погребални претпријатија и во која реформскиот успех се сведува на инсталирање на телефонска линија во железничка станица“, вели Рамадани во изјавата за МКД.мк.

А.Д.

Доколку превентивно не дејствуваат граѓаните може да дојде до деструкција на заедницата, што води во анархија.

повеќе

Духовниот тероризам во македонските православни цркви е присутен повеќе од 20 години.

повеќе

Дали новинарството, без професионализам, може да биде професија?

повеќе