Европа во две брзини

По Макрон, и Мишел предлага резервна варијанта за Западен Балкан и за партнерите од Истокот

И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предлага формирање на, како што тој ја нарекува, „европска геополитичка заедница“, која ќе се стреми кон „конвергенција и продлабочување на оперативната соработка за справување со заедничките предизвици, мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот континент“.

Групата би ја сочинувале земјите од Западен Балкан и земјите партнери на ЕУ од Истокот, кои се или кандидати за пристап во блокот или се стремат да станат такви.

„Ќе предложам да се одржи конференција околу или по летото“, напиша Мишел на Твитер. „Оваа конференција ќе ги собере лидерите на ЕУ и оние на засегнатите земји партнери за да разговараат за конкретните опции за овој нов заеднички проект.
Меѓу тие земји е Украина како дел од Источното партнерство, кое се обидува да стане кандидат за ЕУ ова лето.

На 9 мај францускиот претседател ја промовира идејата за формирање „европска политичка заедница“ која ќе ги вклучува Украина и Британија.

Планот е да се зголеми соработката на Европската Унија со други европски земји, како Украина, Молдавија и Грузија, бидејќи нивното пристапување во Унијата не е реално во поскора иднина, и Британија, која излезе од ЕУ.

„Постои реална желба да ја реструктурираме Европа во однос на повеќе политики, но Европа ја стави мерката многу високо околу прашањето на интеграциите па нема да можеме да интегрираме некои држави во следните години, па и децении“, кажа Макрон на прес-конференција по завршувањето на Конференцијата за иднината на Европа во Европскиот парламент.

Тој кажа дека европската политичка заедница би била отворена за демократските европски држави кои ги негуваат клучните вредности во областите на политичката соработка, безбедноста, енергетската соработка, сообраќајот, инвестициите во инфраструктурата.

„Придружувањето (на таа заедница) не прејудицира нужно идно членство во ЕУ. Ниту таа би била затворена за оние кои ја напуштиле Унијата“, кажа Макрон.

Toj ја има поддршката од италијанскиот премиер Марио Драги за предлогот за формирање „европска политичка заедница“, со која, како што оценува Монд, би била создадена „Европа во две брзини“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц по разговорот со францускиот претседател во Берлин, укажал дека тоа е „многу интересна идеја имајќи ги предвид големите предизвици“ со кои е соочена Унијата.

„Но тоа не смее да го спречи она што го почнавме, а тоа се барањата за членство во ЕУ на кои долго работиме со земјите од Западниот Балкан“, кажал Шолц.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе