Реакција на пратеникот Милошоски

По ланската средба на Талат Џафери со чеченецот Нијазов, за Ахмат Кадиров бил ветен споменик во Тетово

Лани на 10 јули во Собранието на Македонија имало средба на Талат Џафери, како претседател на Собранието, со делегација од руската Чеченска Република. За средбата немаше официјално соопштение од собраниските служби, ама настанот не оснатал незабележан во руските медиуми.

За ова денеска на својот фејсбук профил пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антпонио Милошоски.

На чело на чеченската делегација бил Абдул-Вајед Нијазов, марионета на Кремљ во тамошниот Исламски културен центар", поранешен пратеник во Думата и основач на здружението Муслиманите во поддршка на претседателот Путин".

Гостите од Чеченската Република го посетиле и Тетово каде објавиле дека со општината се договориле за изградба на парк и споменик на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Чеќенската Република и носител на орден "Херој на Русија". Инаку Ахмат Кадиров е татко на сегашниот деспотски шеф на Чеченската Република, Рамазан Кадиров, кој со неговите војници ревносно му помага на претседателот на Русија во инвазијата врз Украина, често извршувајќи ги најбруталните операции.

Во чест на милениците на Путин од Чеченската Република бил организиран и свечен ручек во елитниот хотел Буши" во Скопје, но нема информација дали сметката е платена од буџетот на Собранието или платил некој друг. На собраниската веб страница нема информации за овој настан, но за среќа во Агенциите за безбедност има детални извештаи“, напиша Милошоски.


 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе