Петровска-Валандер: Сојузништвото со САД е успешна приказна на заедништво и споделување на вредности

Стратешкиот дијалог ќе биде уште еден чекор напред во интензивната и продуктивна соработка меѓу САД и Северна Македонија на полето на одбраната, оценила министерката за одбрана Славјанка Петровска на средбата со помошничката на американскиот секретар за одбрана, Селесте Валандер, што се одржава вчера.

„Стратешкиот дијалог е дополнителен ветер во грбот за нашата плодна одбранбена соработка. Посветеноста и поддршката на САД за Северна Македонија се докажува низ годините во кои ја градевме одбраната, а може да се види и денеска кога сме заедно дел од Алијансата, споделувајќи ги истите вредности”, изјавила Петровска.

Според неа, Македонија со дела покажала дека има јасна визија и цел кога станува збор за развојот на Армијата – таа да биде модерна, високо обучена и опремена со најсовремената воена опрема, и дека таа посветеност е видлива и кај сојузниците, особено САД, кои ја помагаат модернизацијата.

Петровска и Валандер, како што соопшти Министерството за одбрана, разговарале и за новата безбедносна реалност во Европа и заеднички ја осудиле руската агресија врз Украина, која, како што оцениле, наиде на обединето НАТО.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе