Заменик министерката за внатрешни работи

Петровска: Бирото за јавна безбедност веднаш почна истрага за групата на „Телеграм”

Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ во која македонски средношколци споделуваат порнографски фотографии од свои врснички, информира на својот Фејсбук профил, заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„Во врска со затворена група на ‘Телеграм’ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група. За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци”, напиша Петровска.

Групата за неколку дена веќе стигнала до над 7.300 членови, а во неа може да се пристапи само по претходна покана од пријател, веќе член на групата. 

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе