Софија

Петков: Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија

Во Бугарија е формирана прилично голема руска група на агенти, која во моментов работи за различни интереси. Има руски агенти кои работеа конкретно против договорот меѓу Бугарија и Македонија. Ова пред новинарите во Благоевград го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, јави БГНЕС. Интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, додаде Петков.

Во Софија во врска со овој случај во тек е голема акција на обвинителството.

Има неколку такви случаи, а тоа за мене покажува дека некој се обидува да го промени бугарскиот интерес, рече Петков.

Во врска со овие случаи на 4 април ќе сведочи и премиерот Петков.

„Не се плашам и немам што да кријам. Ако ме побараат на распит, со задоволство ќе одам“, рече Петков.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе