Рим

Петков по средбата со Ковачевски: Посветеноста на добрососедство е важна и заедничка

Најважно за владите на Бугарија и на Македонија е да продолжат со конструктивниот дијалог и да не подлегнуваат на провокации од некои групи кои се обидуваат да ги зголемат тензиите, изјави денеска во Рим претседателот на бугарската Влада, Кирил Петков по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Петков во изјава за бугарските медиуми повтори дека е потребно да се свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност на кој би се разговарало за сето она што досега го направиле владите на двете земји.

„Само преку конструктивен дијалог ќе можеме да продолжиме во насока на добрососедство што го сакаат двете влади“, рече Петков, додавајќи дека се надева оти следниот чекор ќе биде свикување на Консултативниот совет за национална безбедност од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, за да се разгледа се што е постигнато од досегашните средби.

„Не се обврзавме на никакви рокови, единственото нешто на што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, а министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон. Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации“, изјави Петков, додавајќи дека со премиерот Ковачевски потврдивме дека посветеноста на добрососедство е важна и заедничка.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе