По трилатералната средба со државниот секретар на САД

Петков го „исекол“ Ковачевски од фотографијата со Блинкен

Премиерот на Бугарија Кирил Петков објавувајќи на својот официјален фејсубк - профил вест од средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, фотографијата ја скратил од лева страна, па од неа исчезна премиерот на Македонија Димитар Ковачевски. Со реакција се јави ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Ковачевски молчи и не реагира иако е изложен на понижување?

Вчера целата фотографија од средбата со Блинкен ја објави Ковачевски и на својотг фејсбук, но и преку владината прес-служба, а под неа беше илусрирано со знаменца на Македонјија, САД и Бугарија.

За таа средба со Блинкен, заедно со Петков, Ковачевски напиша: „Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО. Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците".

„ВМРО-ДПМНЕ е крајно изненадена од молкот на Владата на Република Македонија во врска со потегот на претседателот на Владата на соседна Бугарија, г. Кирил Петков кој фотографијата од трилатералната средба со секретарот за надворешни работи на САД, на која учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски, ја прикажа како билатерална, грубо тргнувајќи го ликот на македонскиот премиер од фотографијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека со оглед на карактерот на оваа важна средба за двете држави, како и со оглед на најавите на СДСМ за новите ветришта во односите со соседна Бугарија, „ваквиот потег на премиерот Петков во однос на македонскиот премиер, не претставува само акт на понижување на лицето Димитар Ковачевски, што не е наш проблем, туку директно девалвирање на нашата држава за што сме принудени да реагираме“.

На крајот ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Развивањето на билатералните односи со сите соседи, како и унапредувањето на стратешкото партнерство со САД, другите сојузници и НАТО во целина за ВМРО-ДПМНЕ претставува врвен приоритет. Оттаму, ваквите потези, како и молкот на Ковачевски во оваа смисла, сметаме дека не придонесуваат на ниту еден начин за рамноправен и искрен напредок во соработката на двете соседни држави“.

Новите ветришта на пријателство кое владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе