Изјава на претседателот на Македонија во Мадрид

Пендаровски: За прв пат војна во Европа ја диктира агендата на Самитот на НАТО

„Никогаш во историјата на НАТО од 1949 година не бил организиран самит во исто време додека се води војна на европскиот континент. Војната во Украина, односно руската инвазија, ја диктира агендата, па така до крајот на овој ден, треба да го усвоиме новиот Стратегиски концепт и, се разбира, би требало да го одобриме Меморандумот за разбирање и да ги поканиме двете нови земји да ѝ се приклучат на Алијансата“, изјави пред почетокот на Самитот што се одржува во Мадрид претседателот Стево Пендаровски кој ја предводи македонската делегација.

Претседателот Пендаровски пред почетокот на Самитот оцени дека постои уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на тековните и идни задачи.

„Овој самит е посебен и според една друга специфика. Никогаш во историјата на Алијансата од 1949 година не бил организиран самит во исто време додека се води војна на европскиот континент. Можете да замислите дека војната во Украина, односно руската инвазија врз Украина ја диктира агендата на самитот, па така до крајот на овој ден, треба да го усвоиме новиот Стратегиски концепт кој во целост беше синхронизиран вчера од сите сојузници и, се разбира, би требало да го одобриме Меморандумот за разбирање договорен вчера и да ги поканиме двете нови земји да ѝ се приклучат на Алијансата што е можно поскоро откако сите протоколарни процедури се одобрени од сите сојузници. Мислам дека ова е вистинско време да покажеме дека постои зголемена солидарност и сплотеност во рамките на Алијансата и дека во целост ќе го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија, слобода, во суштина борејќи се за демократските вредности и слободата за сите нас", изјави претседателот Пендаровски пред официјалниот почеток на самитот.

На свечениот пречек, шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.

Денеска и утре, претседателот Пендаровски ќе учествува на трите состаноци на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

На самитот во Мадрид ќе бидат адресирани актуелните безбедносни предизвици и се очекува да биде усвоен новиот Стратегиски концепт на НАТО Алијансата, соопшти кабинетот на претседателот на Македонија.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе