Пендаровски за Апасиев: Психопат што не е со сите штом пцуе гроб на починат родител, тоа не се простува

Претседателот Стево Пендаровски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, му возврати на претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, кој вчера јавно го опцу во објава на Фејсбук.

„Отприлика знам за каква креатура се работи, кој резон го има, но навистина не верував дека може да дојде во ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е само една лична болка, за која навистина не разбирам зошто имал потреба да ја искаже.

Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека беше крајно нечовечка и пцовката сама по себе, но да ми пцуеш гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува.

Таква работа, таков јавен став, може да каже човек што или е ушмркан или му фали нешто во главата. Јас навистина мислам дека тој е психопат, не е со сите штом може вакви работи да постира на социјалните мрежи. Тоа е настан, изјава без преседан во современа Европа. Јас гарантирам дека избран пратеник во кој било европски парламент не пцуе починати родители на друг колега политичар.

На Балканот тие работи особено ако имаш нешто меѓу нозе ги кажуваш во очи. Тој немаше храброст да ми ги каже во очи, туку се криеше во подрум и зад некоја тастатура и испраќаше пораки. Неговите пораки за сечење, бесење, колење ги испраќа преку Фејсбук. Од друга страна, што можеш да очекуваш од таква гнида човек да дојде и да ти го каже тоа во очи бидејќи знае кои се консеквенците. Не само јас туку секој нормален човек за починат родител не би му простил и знае што ќе добие во таква ситуација.

Преку глава ми е од таквите фејсбук-патриоти, големи македонски мажиња, кои нѐ туркаат во обратна насока од демократија“, изјави Пендаровски.

Веднаш пристигна уште една објава од Апасиев, кој овојпат го нарече претседателот Пендаровски „предавничка вошка“.

„Претседателската ВОШКА Пендаровски, ме нарекол ‘гнида‘ на прес!? Па није могуче“, напиша Апасиев.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе