Пендаровски во Давос учествува на панелот за безбедноста во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, ќе учествува на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа".

Покрај Пендаровски, на сесијата ќе се обратат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, белгискиот премиер Александар де Кро, како и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен.

Утре, шефот на државата ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан".

Како што соопшти неговиот Кабинет, во рамки на Форумот Пендраовски се очекува да има и повеќе билатерални средби.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени. 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе