Пендаровски со верските лидери: Негување на соживотот за просперитет на државата

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Северна Македонија на кои им порача дека соживотот и почитувањето на различноста е една од темелните вредности на земјата.

На средбата присуствувале поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко - скопски, Киро Стојанов, Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско - методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо Николиќ, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Пред поглаварите и претставниците на верските заедници Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ја истакнал неговата заложба да соработува со сите верски заедници во Северна Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција.

Тој укажал и на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок на државата.

Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравиле иницијативата за одржување на денешната средба и посочиле дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење на мир и почитување.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе