Пендаровски се сретна со папата Франциск

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост Папата Франциск.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Македонија и Ватикан, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Ватикан, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во Македонија и нејзиниот придонес во нашето општество.

Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.

По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе