Македонија-САД

Пендаровски му се заблагодари на Ескобар за американската поддршка

Билатералните односи меѓу Македонија и САД, состојбите во регионот и македонските аспирации за ЕУ се темите за кои разговарале претседателот Стево Пендаровски и  заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, оценил дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изразил уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика.

Тој исто така ја истакнал важноста на силната и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели на нашата држава, од прогласувањето на независноста до денес.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, Пендаровски го реафирмирал очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и развојот на регионот. Притоа, Пендаровски се заблагодарил за поддршката на американската администрација, и лично на Ескобар, во однос на потребата за напредокот на земјите од регионот кон ЕУ.

Пендаровски исто така ја истакнал посветеноста на Македонија, како најнова членка на НАТО, да придонесе за колективната безбедност и одбрана на вредностите на евроатлантската заедница.

Претседателот уште се заблагодарил на поканата за учество на виртуелниот Самит за демократија, во организација на претседателот на САД, Џо Бајден, што ќе се одржи на 9 и 10 декември 2021 година.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе