Македонија за украинската криза

Пендаровски и Петровска се подготвени ако треба да пратат војска во Украина

Македонскиот претседател Стево Пендаровски и министерката за одбрана Славјанка Петровска во изјави за медиуми велат дека Македонија е подготвена, како членка на НАТО, ако треба, да испрати војска при евентуалната интервенција на Русија во Украина.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски за МКД.мк велат дека Република Северна Македонија, како дел од НАТО, учествува во процесот на планирање заедно со останатите членки за начините како Алијансата да се постави кон тензиите кои се зголемуваат во тој регион.

Инаку, НАТО нема донесено одлука за воено инволвирање во евентуален конфликт, туку станува збор само за задолжителна процедура за кревање на нивото на мобилност во ситуација на зголемени тензии во регион кој граничи со неколку членки на Алијансата“, велат од кабинетот на врховниот командант на АРМ Стево Пендаровски.

Денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека на Украина не ѝ местото во НАТО, а ситуацијата на украинско-руската граница ја оцени како сериозна криза зад која првенствено стои динамиката на американската внатрешна политика, додавајќи дека Хрватска на никаков начин нема да се меша во кризата ако дојде до нејзина ескалација и дека таму нема да има свои војници.

Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана на Македонија во изјава за ТВ Телма изјави дека е можно македонската армија да се вклучи во евентуалниот воен конфликт помеѓу Русија и Украина, но само доколку НАТО го побара тоа од нас. Таа вели дека таквиот потег би бил можен само со согласност од врховниот командант, односно со согласност на претседателот Стево Пендаровски.

Ангажманот на нашата Армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Минск. На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество, односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука сè уште не е донесена“, истакна Петровска.

Министерката изјави дека Македонија од Русија нема добиено никакви барања како што побара од НАТО да се повлече од Бугарија и Романија. Во однос на релациите со Русија, Петровска рече дека како држава негуваме добри дипломатски и пријателски односи со сите држави.

Овие ставови на Петровска денеска предизвика реакција на амбасадата на Русија во Македонија која соопшти дека се изненадени од ваквите изјави и дека министерката треба да ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството.

А.Д.

 

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе