Пендаровски и Џафери со честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери упатија честитки до припадниците на бошњачката заедница по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо“, стои во честитката на Пендаровски.

Шефот на државата псочува дека најголем успех на државата е ако сите нејзини граѓани, независно од нивниот идентитет, ја чувствуваат како своја татковина и ако преку своите засебности придонесуваат кон општото добро.

„Горди сме што вие, Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество, но и важна врска на Северна Македонија со држави во кои живеат ваши сонародници. Верувам дека само сплотени ќе ги надминеме сите здравствени, политички и економски предизвици и ќе ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија. Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, радост и бериќет“, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

Џафери во честитката вели дека ова е веројатно најтурбулентниот период од последната светска историја и веројатно текот и развојот на настаните ќе остави глобални последици по светскиот мир и демократија.

„Заканите по здравјето и економијата секако ги почувствувавме, меѓутоа, предизвиците сигурно не завршуваат тука. На повидок е фаза на повторно тестирање на нашата сплотеност, подготвеност и искуство како држава, како институции и како граѓани на Република Северна Македонија во надминување на тешкотиите и изнаоѓање на решенија прифатливи за сите. Затоа, со целосно разбирање и почит на различностите како јазикот, културата, фолклорот и традицијата на секоја етничка заедница која е неделив дел од јадрото на нашата заедничка држава, да бидеме пример за тоа како се гради мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, заеднички дом за сите. Само така ќе ја оствариме нашата заеднички цел да имаме сигурна и безбедна иднина за нашите идни поколенија“, наведува Џафери во честитката. 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе