Интервју за грчки Етнос

Пендаровски: Хибридните закани за безбедноста на Балканот доаѓаат од Русија

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за грчкиот весник „Етнос“ изјави дека Русија ги продуцира најсериозните хибридни закани на Балканот, вклучувајќи политичка пропаганда и кампањи на дезинформации.

„Поточно, во Северна Македонија, комплексноста и интензитетот на хибридните закани се слични на оние од 2018 година во периодот на нашиот референдум за прашањето за името“, изјави претседателот Пендаровски.

Тој додава дека на официјална Москва ѝ се добро познати чувствителните точки во регионот и таа со сигурност се обидува да пенетрира подлабоко на Балканот.

Три години по потпишувањето на Договорот од Преспа, неговите противници се намалија, оценува македонскиот претседател и се надева дека како што поминува времето, многу повеќе луѓе ќе сфатат дека договорот во суштина означи стратешко отворање и за двете земји.

Пендаровски ја подвлекува потребата од почитување на сите обврски предвидени со Договорот од Преспа и ратификацијата од страна на грчкиот парламент на трите меморандуми кои ќе го отворат патот за стапување во сила на уште многу билатерални договори.

„Голем дел од граѓаните сфатија дека промената на името воопшто не го засегна нашиот национален идентитет, а тоа предизвикуваше најголема загриженост во текот на преговорите. Противници и натаму има, но, не во обем како што тоа беше во периодот на уставните измени“, рече Пендаровски.

Според него, поврзувањето со природен гас во Александрополис е најнов пример на заедничко вложување кое се очекува да донесе взаемна корист за двете земји.

За предлогот на Франција за спорот со Бугарија, Пендаровски нагласи дека има мали шанси некоја политичка партија во Македонија да може да собере двотретинско парламентарно мнозинство за да ги поддржи измените.

Одговарајќи како ги гледа односите Грција-Турција, тој вели дека хармоничните односи во Грција и Турција се клучни за стабилноста на Балканот, Медитеранот и Блискиот Исток. Конечно, смета дека Русија продолжува да ги произведува најсериозните хибридни закани во балканскиот регион, вклучително и политичка пропаганда и кампањи за дезинформација.

Во период од неколку дена, ова е второ директно обраќање и јавно предупредување на македонскиот претседател во однос на хибридните закани коишто доаѓаат од Русија во земјава.

Во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, Пендаровски во интервјуто на 8 јули рече дека безбедносната ситуација во земјава се влошува, а неговите информации добиени од безбедносните служби говорат дека Русија ги злоупотребува протестите, но и дека се уфрлени луѓе од соседните земји на протестите за да испровоцираат инциденти.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе