Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, указот бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.
Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.
Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија беше донесен во Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе, без присуство на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.