Пендаровски до Николовски: Очекувам мерките да дадат резултат во борбата против корупцијата

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски го поздравил системот на мерки од усвоениот План за борба против корупција и изрази очекување дека истите ќе овозможат ефикасна превенција и борба со корупцијата.

„Борбата против криминалот и корупцијата е од исклучително значење во процесот на евроинтеграцијата, во градење на правната држава и за стекнување на доверба на граѓаните во институциите. За да постигнеме резултати во овој процес неопходна е целосна транспарентност, соодветни законски решенија и санкции, и придонес од сите институции“, изјавил Пендаровски на средбата.

Како што стои во соопштението, Кабинетот на претседателот е подготвен соодветно да ги поддржи мерките од новиот План за борба против корупција.

Паралелно со темелни институционални промени, Пендаровски нагласил дека важен сегмент во борбата со корупцијата е подигнување на јавната свест и охрабрување на граѓаните да пријавуваат случаи на корупција.  

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе