Од синоќа важат новите овластувања

Пазарните инспектори извршиле 742 контроли, затворен еден објект во Гостивар

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од синоќа постапува според новите овластувања и инспекторите во повеќе градови во државата извршиле вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените протоколи.

Како што информираа од ДПИ, при спроведените контроли во Гостивар (2 надзори и  50 контроли) во угостителски објект кој се наоѓа во ТЦ Јавор, било констатирано прекршување на новите одредби од изменетиот Закон за заштита на здравјето на населението од заразни болести, по што објектот веднаш бил затворен, а изречена е и парична казна. Не е затекнато прекршување на работното време кај контролираните објекти.

Најмногу контроли и надзори се спроведени во Скопје, односно 213 контроли и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи, потоа во Битола ( 9 надзори и 131 контроли), Штип (3 надзори и  83 контроли), Кавадарци (3  надзори и 63 контроли), Струмица (2 надзори и 50 контроли), останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга.

Инаку, според новите измени и дополнувања на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, доколку на терен инспекторите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен.  Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе