Белград

Патријархот Порфириј го врачи томосот и додаде дека „МПЦ сега треба да најде соодветно име“

Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборниот храм во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му предаде томос со кој СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, јавија српските медиуми. Во Соборниот храм во Белград се одржа света архиерејска литургија на која служеа српскиот и македонскиот патријарх со епископите на двете цркви.

По литургијата се обрати патријархот Порфириј.

„Денес по милоста Божја имаме можност да го крунисаме она што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството. Ова единство беше нарушено во еден период, но беше запоставено во духот на Црквата, а тоа е дека Македонската црква, Охридската архиепископија има не само услови, туку и потреба да се организира во контекст на автокефалната црква, да испадне да биде најдобриот можен начин на живот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку денешното служење на литургијата во Скопје, чувствуваме дека ќе го соопштиме јавно и пред сите со документ наречен томос“, рече Порфириј.

Српскиот патријарх истакна и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква. Патријархот Порфириј препорача МПЦ сега да најде соодветно име и додаде дека црквата не може да биде оружје и не е оружје за постигнување други цели.

Порфириј нагласи и дека оваа одлука нема да влијае на другите канонски области на СПЦ, бидејќи, како што рече, условите во Македонија се различни отколку во другите делови на СПЦ.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе