ПОСТИЗБОРНА МАТЕМАТИКА

Партиите на Албанците се договорија што ќе бараат од Груевски или Заев, кој од нив е спремен да прифати?

На саботната средба во скопскиот хотел „Александар палас“ ДУИ и Алијансата за Албанците се договорија која ќе им биде платформата за наредните разговори за состав на нова влада. Прашање е кој од потенцијалните мандатари, Никола Груевски или Зоран Заев, ќе биде спремен да ги прифати вака високо поставените барања на партиите на Албанците во Македонија, кои заедно имаат најмалку 13 пратеници.

На средбата во „Александар палас“ е договорена заедничка платформа за политичко настапување. Али Ахмети од ДУИ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците (Движење за реформи во ДПА, НДП и Унитети) се договорија дека оваа платформа ќе биде основата за влегување во владина коалиција, без разлика дали тоа е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Тие очекуваат овие барања да бидат исполнети.

Централно место во таа платформа е издигнувањето на албанскиот јазик и неговата официјална употреба. Следното барање е продолжување на мандатот на СЈО, имплементација на препораките од Прибе, рамномерна распределба на буџетот и консензуално одлучување за сите битни прашања.

Села рече дека би било добро оваа платформа да стане дел и од барањата на Беса, партијата што не ја прифати средбата свикана од Ахмети. Освен Беса, на состанокот не дојде никој ни од ДПА. Од Беса соопштија дека нема да коалицираат со партии што „не направиле ништо за Албанците и се криминални и корумпирани“.

Овие барања ќе бидат вистински предизвик при коалицирањето и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Социјалдемократите за време на кампањата двојазичноста ја промовираа како составен дел од градењето на новото демократско, граѓанско општество. ВМРО-ДПМНЕ кампањата ја градеше токму против овие ветувања на СДСМ.

Од ДУИ, партијата што во секој случај ќе биде дел и од наредната владина коалиција, засега не се изјаснуваат со кого би коалицирале. Потпретседателката на партијата, Теута Арифи, минатата недела првпат јавно изјави дека нејзината партија не би имала ништо против од партнерство со СДСМ. Според некои неофицијални информации, најмалку двајца од новите пратеници на ДУИ веќе изјавиле дека нема да гласаат за владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Беса (5 пратеници) е против коалиција со ДУИ, а од Алијансата за Албанците (3 пратеници) очигледно е дека врз дефинираната платформа не би имале ништо против партнерство и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ.

И двајцата пратеници на ДПА, по оставката на Мендух Тачи, може да имаат битна улога во собирањето и вадењето на бројот на пратениците за мнозинство. Иако, Тачи веднаш по изборите на 11 декември изјави дека неговата партија ќе ја следи политиката на пратениците на Беса.

Пазарењата веќе се во тек.

А.Д.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе