Пред изборите на 12 април

Партиите на Албанците никако да се договорат за коалиција

ДУИ на избори оди самостојно, ДПА е за коалиција со СДСМ само ако социјалдемократите не одат со ДУИ, Алијансата за Албанците би оделе во коалиција само не со ДУИ, Алтернатива нема проблем за коалиција само ако таму не биде Беса... вакви се горе-доле актуелните позиции на партиите на Албанците пред предвремените парламентарни избори договорени за 12 април.

Од повикот на Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, за предизборна коалиција со сите партии на Албанците освен со ДУИ, засега нема резултат. ДПА на Мендух Тачи се подготвува на избори да излезе сама, освен ако не се договори за коалиција со СДСМ. За евентуална таква коалиција, за ДПА има услови. Вчера Мендух Тачи изјави дека тие се за коалиција со СДСМ, само ако таму ги нема и ДУИ и ако тој биде единствен вицепремиер.

Претставници на Алтернатива за Албанцитена уште еднаш изјавија дека шансите тие да влезат во коалиција во која би учествувале и Беса се речиси никакви.

Алијансата за Албанците не се откажува од идејата за коалициј меѓу нив Беса (Билал Касами) и Алтернатива (Африм Гаши). Касами и Гаши, како бивши сопартијци, засега изјавуваат дека за такво нешто нема шанси иако на сите им е јасно дека тоа е неопходно ако сакаат да му го зададат последниот удар на партијата на Али Ахмети.

Од ДУИ велат дека тие на избори ќе излезат сами и дека очекуваат голема поддршка од гласачите Албанци во Македонија.

Неофицијално, наскоро се очекува средба меѓу Села, Касами и Гаши.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе