Од дискусиите на собраниската седница за францускиот предлог

Овозможувате доминација на Софија, рече Милошоски, а Георгиевска му возврати: Идентитетот го баравте и кај Хунзите

Во својата дискусија за францускиот предлог пратеникот Антонијо Милошоски рече дека тоа не е предлог за отворање на преговорите за членство во Европската Унија, туку е предлог со кој на Софија ѝ се овозможува да се отвори македонскиот Устав, да се влијае врз Македонија и да се одлучува за нејзината иднина. Но, нагласи тој, Уставот нема да се промени. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во својата дискусија најнапред постави прашање упатено до министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со негово советување со стратешкиот совет на МНР. За збор таму, како што рече, се јавил Нано Ружин, ама останатите членови на советот имале негативно мислење. А на крајот, рече Милошоски, за збор се јави Ајдован Адемовски, бизнисмен и Турчин по националност. Тој го прашал Османи кој е Адем Аденоски и зошто во Прилеп има улица.

„Го праша Османи. Дали Аденоски бил стрелан од фашистите или од администратори. Османи не кажал ништо, рекол дека мора да оди на интервју во една телевизија. Но му благодариме на Адемовски", рече Милошоски.
Осврнувајќи се на стручни анализи од два института, тој потести дека тие заклучуваат дека ЕУ мора да го спречи францускиот предлог бидејќи навлегува во идентитетот на македонскиот народ.

„За вавкво решение Владата треба да има широка политиучка и граѓанска поддршка. А ја нема поддршката. Владата не смее да се согласи дека билатералните прашања и идентитетските да бидат мерило пред ЕУ. Оваа рамка преку францускиот предлог не е предлог за преговори со ЕУ, туку за отворање на Уставот, што пак нема да помине, туку ќе предизвика тензии внатре во Македонија, тензии во односите со Бугарија, а ќе одиме надолу во сите стандарди битни за животот на граѓаните и земјата. Помеѓу членките на ЕУ пак, нема реален консензус за проширување со земјите од Западен Балкан. Во ваков случај, таквите механизми би го претвориле преговарачкиот процес во диктат засенувајќи го европскиот процес. Само ќе се фотографирате во Брисел, и ќе живееме во илузија дека отвораме преговори со ЕУ", рече Милошоски.
Според него, од дополнителни изјави за македонскиот јазик нема потреба и не смее да се прифати кога македонскиот јазик е веќе влезен во Обединетите нации.
„Тоа се прави заради големобугарските интереси. Но и се прави преседан во ЕУ, зашто ниту една друга држава при отворање на преговорите намеле прва и втора фаза, туку само отворале преговори. Вака, Владата ја остава државата заложник на Софија да одлучува за Македонија. Презеде Владата обврска да го смени Уставот, а треба да знае дека тоа нема да го дозволиме. Да беше договорот добар, ќе се јавеа за збор 40 пратеници од владејачката коалиција, а всушност за збор се јавија четириесетина пратеници од нас, од опозицијата", рече на крајот Антонио Милошоски заклучувајќи дека власта ја потцени и стручната јавност и новинарите.

Марија Георгиевска од СДСМ ги праша пратениците на ВМРО-ДПМНЕ која е другата алтернатива што ја нудат, како ќе го променат ставот на Бугарија, дали „благонадежно" како во претходните 20 години кога чествувале контроверзни личности заедно во Бугарија.

„Дали во недоглед приоритет ќе биде занимавањето со историја од илјада години наназад која ја изместивте. Отидовте до античката историја, отидовте дури и кај Хунзите, а сега зборувате за АСНОМ и НОБ. Дали ви фалеше време да лустрирате уште некој Македонец. Малку ли ви беше џуџето од Небрегово, Славко Јаневски. Ако почнеме преговори со ЕУ е предавство, ако не почнат преговорите не е исполнето ветувањето. Ништо не ви одговара зашто вие сте против власта. Тоа е чиста шовинистичка пропаганда за да се дојде на власт по секоја цена за рушење на власта ако треба и со жртви", рече Георгиевска.

„Вие криминалците од ВМРО-ДПМНЕ го газевте знамето на 2 Август, на Илинден во Крушево, вие сте предавници, вие го величавте Тодор Александров и Ванчо Михајлов. Криво ви е што обезбедуваме чист македонски јазик во ЕУ и наш идентитет. Вие ќе лежите во затвор затоа што ограбувавте 11 години, крадевте од народот. Затоа, македонски народе, бидете горди на СДСМ, затоа што со чист македонски идентитет ја носиме државата во ЕУ, рече пратеникот од СДСМ Миле Талевски надвикувајќи се со звукот на опозициските вувузели и свирчиња.

Ж.П.Б.  П.Џ.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе