Во Белград

Oтворена „Винска визија“ вкрстени патишта на балканското вино, македонското како предводник

На отворањето на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан" во Белград, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Србија, Македонија, Албанија и премиерот во заминување на Црна Гора, Ана Брнабиќ, Димитар Ковачевски, Еди Рама и Дритан Абазовиќ порачаа дека тука се вкрстуваат винските патишта на Балканот, се пресретнуваат производителите, откупувачите и дестилариите. Саемот е отворен со отворање на црно вино „Отворен Балкан“ создадено од три сорти грозје од земјите членки на „Отворен Балкан“ - Македонија, Србија и Албанија

Виното „Оpen Balkan“ e направено од македонски „вранец“, српски „пробус" и од албанска „шазила". 

„Отворен Балкан покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа. Македонското вино е со светски познат квалитет, според последните рангирања Северна Македонија е втор најголем извозник на вино во регионот, а 29 најголем извозник на вино во светот. Трета година по ред извозот на вино од нашата држава е во пораст, и во количини и по вредност“, изјави Ковачевски.

Македонските винарии минатата година бележат зголемување од 19 проценти на извозот во споредба со 2020 година, а нивниот број е зголемен на 139, со просечно годишни производство од околу 100 милиони литри.

Овој саем, нагласи Ковачевски, е можност да воспоставиме и нова динамика во регионалните односи и да обезбедиме економски просперитет за нашите граѓани и компании.

„За првпат на еден меѓународен саем за храна, вино и туризам, со поддршка на својата држава присуствуваат претставници на 43 винарии и три дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни вина и ракии, а ќе присуствуваат и над десет производители на храна“, рече Ковачевски.

Ваков саем и толкав број на излагачи, нагласи Ковачевски, е можен само ако го правиме заедно и денеска сите тие имаат рамноправна шанса да ги претстават своите производи пред стотици илјади присутни и да остварат пласмани, пазари и контакти со присутните компании.

„За сите присутни компании ова значи отворање на нови шанси за деловни контакти на меѓународно ниво, отворени можности за нови пласмани и приливи на нови средства преку развој и проширување на производството и нови инвестиции“, изјави Ковачевски.

Македонските производители на храна, вино и туристичките капацитети, посочи Ковачевски на присутните посетители на Саемот, под мотото „Вкуси го животот" им порачуваат да вкусат македонско вино, македонска храна и македонска авантура.

Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан", се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Србија, Македонија и Албанија.

На Саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата.

Во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан", ќе има дегустација на вина, а воедно ќе се одржи натпреварот „Трофеј на виното на Отворен Балкан" 2022 година. Саемот е одлична можност за поврзување на винските патишта на Балканот и пред високите гости и посетители како и отворање на нови можности за соработка, за обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани, што позитивно ќе се рефлектира на развојот на домашната економија. На Саемот ќе се претстават и повеќе од десет производители на храна од земјава кои ќе се презентираат автентичните вкусови на македонската кујна.

Македонската туристичка понуда на Саемот за вино, храна и туризам во Белград, ќе биде претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Фокусот е ставен на македонскиот ено-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

Како дел од промотивните активности на македонските производи, вината, храната и националните богатства интересни за туристите, претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на „Македонската вечер", каде ќе присуствуваат претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Македонија.

Во рамки на активностите во Белград ќе се одржи и традиционалниот лидерски политички самит на Отворен Балкан предводен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе