Народниот правобранител на увид во затворот во Шутка

Осудените од „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад поради недозволени викенди и видувања со сопругите и партнерките

Народниот правобранител на 6 мај согласно своите законски надлежности, а по поднесени претставки од тројца осудени лица кои се на издржување на затворска казна во Истражниот затвор во Шутка, изврши увид и разговараше со одговорни лица во установата. Осудените лица информирале дека ќе почнат штрајк со глад поради тоа што иако исполнуваат услови не им се дозволуваат одредени погодности како што се викенди и видувања со сопругите односно партнерките. 

Од Канцеларијата на Омбудсманот информираат дека од извршениот увид и направените разговори со одговорните лица во установата, како и видно од документацијата, Народниот правобранител констатирал дека група од вкупно осум осудени лице, ја информирале затворската управа дека од ден 04.05.2022 година, ќе почнат да штрајкуваат со глад поради тоа што сметаат дека се повредени нивни права.

„При разговор со осудените лица претставниците од канцеларијата на Народниот правобранител беа информирани дека тие се незадоволни заради тоа што не им се овозможува користење на погодности и покрај тоа што исполнуваат законски услови за користење на истите. Погодностите за кои што осудените лица се особено заинтересирани и кои што бараат да им бидат овозможени се: користење на отсуство надвор од установата – „викенд" и средба со сопруга/партнерка – „видувална". Воедно, осудените лица сметаат дека се дискриминирани во однос на други осудени лица кои што издржуваат казни со иста висина како и нивните, а веќе одамна им било овозможено користење на истите погодности. Како израз на незадоволство, освен штрајкот со глад, осудените лица бојкотираат и на начин што одбиваат да користат и дел од правата: прошетка на чист воздух, примање на пратки, посети и слично, а воедно и одбиваат да влезат во просториите за спиење, како резултат на што спијат во ходникот", вела од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Секторот за ресоцијализација е информиран за причините за најавениот штрајк уште пред истиот да биде најавен, затоа што се во постојан контакт со осудените лица и одговорните лица се запознаени со причините за незадоволството на осудените лица.

„Лицата кои што најавиле штрајк се веднаш прегледани од лекар, соодветно информирани за последиците од неземањето храна и лекарот ги прегледува секој ден. Според исказот на одговорниот лекар, осудените лица соработуваат, не одбиваат да бидат прегледани и сите осум лица во моментот на посетата беа во добра здравствена состојба, односно кај ниту едно лице нема отстапување од нормалните физиолошки параметри. Со оглед на наведеното, Народниот правобранител согласно надлежностите ќе постапува понатаму и ќе ја следи состојбата на лицата кои штрајкуваат", додаваат од таму.

За штрајкот на осудените лица во случајот „Диво Насеље" изјава имаше министерот за правда , Никола Тупанчески.

Доколку се утврди дека осудени лица за настаните во Диво Насеље, кои штрајкуваат со глад не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Коментирајќи го овој случај министерот Тупанчески, нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања.

„Директорот втор пат стапи во контакт со осудените лица и мислам дека работите се одвиваат во позитивна насока, да ги добијат сите права и погодности кои им следуваат по закон. Не сакаме да имаме селективен пристап и не сакаме да правиме парабола со некои други осудени лица. Секое осудено лице преставува „приказна за себе" треба да се има индивидуален пристап, доколку се утврди дека не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано“, рече Тупачески.

Воедно, тој наведе дека заради природата на кривичното дело се работи за комплексна проблематика, и дека се во постојана комуникација и со други институции кои прават проверка од безбедносен карактер.

„Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции“, рече Тупачески и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за ектрадиција на дел од осудениците.

„Министерството за правда постапува, не е донесена одлука во таа насока, се работи за процес, правна ситуација каде треба да бидат анализирани повеќе фактори и Министерството за правда да ја донесе адекватната одлука“, изјави Тупачески.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе