Барање од Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Оставки од функционерите кои вербално ги нападнаа новинарките Додевска и Факова-Серафиновиќ

Директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани кој ја пцуеше и навредуваше новинарката Катерина Додевска и поранешниот министер за правда Аднан Јашари, кој побарал од новинарка на „Фокус", Фросина Факова-Серафоновиќ да избрише текст поврзан со полагањето правосуден испит од страна на синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да поднесат оставки, бара Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека функционерите на власта се чувствуваат недопирливи и сметаат дека никој не смее да ја загрози нивната комоција. 

Власта веќе со години врши и се обидува да врши контрола на информирањето и ја загрозува и крши слободата на изразување и на слободата на медиумите. И тоа е така затоа што функционерите на власта се чувствуваат недопирливи и сметаат дека никој не смее да ја загрози нивната комоција која ја чувствуваат преку власта, вели Митева. 

Митева нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува недоличното и срамно однесување од владините функционери врз новинарите и побара итна оставка, потенцирајќи дека на овој начин владата на СДС се обидува да ги цензурира медиумите. 

„Ние, ваквиот начин како политичка партија најостро го осудуваме, ова е срамно и недолично однесување за кое бараме итна оставка од страна на функционерите кои вербално нападнаа новинари. Власта треба веднаш да престане да се обидува да цензурира и да ја замолчи јавноста, нивниот погрешен начин на раководење со институциите резултира со сеење на страв во медиумите затоа што не можат да го запрат излегувањето на криминалното и незаконското работење за кое секојдневно слушаме. И наместо да понесат одговорност за незаконското работење, сега виновни им се новинарите“, порача Митева. 

Директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, во телефонски разговор со пцовки и навреди ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк Катерина Додевска, која ја работеше темата за дозволите на топланата. Откако беше консултиран и коректно му беше пренесена изјавата во објавениот текст дека топланата Скопје Север работи на мазут, но без дозвола, се јави и наместо да реагира за својата изјава, со пцовки и со висок тон ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк. Пцовките, викањето и заканите од Рамадани се пријавени во новинарските здруженија.

Поранешниот министер за правда, Аднан Јашари побара од новинарката на „Фокус" Фросина Факова-Серафиновиќ да го повлече текстот „Синот на Талат Џафери положил правосуден во време на министерот Јашари од ДУИ – документите ги нема".

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе