Вчера Советот на Благоевград одлучи да ја забрани регистрацијата на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ со квалификациите дека македонската нација е вештачка, а Вапцаров Бугарин.
Членовите на Македонскиот клуб за етничка толеранција, основачи на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, синоќа одржаа седница и го разгледаа писмото добиено од Комисијата за заштита на дискриминација на Република Бугарија. Тие велат дека ќе продолжат со собирање во просториите на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград сѐ до негово затворање, ако воопшто тоа се случи.
Организацијата Нов АСНОМ целосно го подржува клубот „Никола Вапцаров“ во неговите напори Македонците од Бугарија да се здружуваат во здруженија.
„И ние и Македонскиот клуб за етничка толерација од Благоевград преземаме конкретни чекори со кои ги промовираме и браниме европските темелни вредности. Наскоро ќе информираме за конкретните чекори кои се преземени заедно со забранетото здружение Македонски клуб за етничка толераницја кои, доколку се следи правото на ЕУ, ќе имаат далекусежни можни последици врз Република Бугарија“, велат од Нов АСНОМ.