Османи: Нема прекин во комуникацијата со Бугарија, со предлози работиме на враќање на довербата во Договорот

Нема прекин во обидите и во комуникацијата со Бугарија за да се најде согласност околу преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и со конкретни идеи и предлози работиме на надминување на разликите со Бугарија, тврди министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На денешната прес-конференција Османи рече дека не смета дека решение за спорот е потпишување на нов договор, туку треба да се врати довербата во Договорот за пријателство и добрососедство. Тој потврди дека се разменуваат предлози и идеи, некогаш вербални, некогаш напишани, но не сакаше да говори за детали од разговорите, а јавноста ќе знае за нив ако се постигне усогласеност.

„За нас е многу важно одржувањето на меѓувладината конференција во декември со германското претсдателство и затоа работиме со конкретни предлози и идеи. Главно зборуваме во однос на загриженоста за територијални претензии, во однос на малцинствата, работата на историската комисија, за економските односи, инфраструктурните проекти и говорот на омраза. Мое чувство е дека во суштината на проблемот е недостигот на доверба меѓу нас и Бугарија. Да ги оставиме настрана политичарите, таа недоверба е меѓу интелектуалците, академиците, историчарите и таа се пренесува во јавноста и има историски контекст“, рече Османи.

Недовербата, според него, е резултат или историски рецидив од минатото, а на нејзино остранување не се работело ниту во последните 30 години на современа политичка реалност.

„Прашањата се ставани под тепих и не се направени доволно напори за да се изгради доверба. Недовербата не е само меѓу политичарите, вели, туку и академиците историчарите …, а сето тоа се рефлектира со создавање недоверба и во јавноста. Таквата недоверба се пренесува и врз постигнатиот Договор“, изјави Османи, додавајќи дека нерешавањето на ова прашање сега би оставило далекусежни последици по односите меѓу двете земји и врз можноста тоа да биде решено во иднина.

Според Османи, Република Бугарија имала јасен став по однос на идентитетските прашања, дека не ги спори и досега не сме имале појасна формулација од Бугарија дека не го спори идентитетот и јазикот на народите и граѓаните кои живеат во Република Северна Македонија. Тоа, додава Османи, е добра основа да се надгради целосната доверба меѓу нашите две држави.

„Правото на самоопределување е и право на граѓаните да кажат кој јазик го зборуваат. Тоа право Бугарија не го спори. Треба да се поздрави што не спори никакви идентитетски прашања“, рече Османи, додавајќи исто така дека прашањето чиј е Гоце Делчев е отворено во комисиите и негово чувство е дека разликите се веќе во нијанси.

На забелешката дали има разлика во толкувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија бидејќи има разлика во преводите и некаде стои заедничка историја а некаде споделена, Османи вели дека при преводот на документите се случува некогаш да се преведува на првиот или на вториот начин, но нема дилема дека во договорот тој термин се однесува на заедничка историја, од што државата не бега.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе