Изјава на министерот за надворешни работи

Османи: Нема дилеми, Макрон направи ненамерна грешка именувајќи нѐ „Северномакедонци“

Комунициравме веќе со Амбасадата на Франција и немаме дилеми дека францускиот претседател направил ненамерна грешка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали и како Македонија ќе реагира откако Макрон вчера во Брисел, во изјава за медиумите, нѐ нарече „Северномакедонци“.

„Ние комунициравме со Амбасадата на Франција колку да ја испочитуваме формата, но и вчера реагиравме во комуникација со француската делегација, премиерот имаше комуникација со Макрон, во Брисел. Немам дилеми дека е тоа ненамерна погрешна формулација на францускиот претседател. Макрон апсолутно нема дилема по однос на името и идентитетот и по однос на прашањата кои се дефинирани овде и во Обединетите нации“, изјави Османи.

Инаку, Макрон вчера во Брисел оцени дека не губи надеж за бугарските барања и дека ќе продолжи да разговара со „Северномакедонците“.Според него „францускиот предлог е компатибилен со тоа што може да го направи Северна Македонија“.

Тој нагласи дека со „Северномакедонците" во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе