Османи: Комуникацијата е најдобар начин за надминување на разликите со Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи е оптимист дека ќе се решат проблемите кои ги прави Бугарија во однос на Гоце Делчев, а комуникацијата меѓу двете земји ја смета за најдобар начин да се надминат разликите.  

„Мислам дека комисиите на двете земји ќе најдат заеднички текст за толкување на тие разлики и за другите историски фигури. Јас лично верувам во стручниот капацитет на нашите историчари и сметам дека ќе најдат решение во тој дел“, посочи Османи.

На заедничката прес конференција со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, коментирајќи го меморандумот од Република Бугарија, Османи рече дека не претпочита да користи негативен вокабулар, како црвени линии. „Договорот со Бугарија ги дефинираше рамката и инструментите за соработка и надминување на разликите. Најдобар начин за решавање на проблемите е комуникација. Не смееме да ја уништиме комуникацијата. Исто така, во интерес на Република Бугарија е целиот регион да се интегрира во Европската унија“, изјави Османи.

Според него, професионалната и плодна соработка што се применува заедно со Бугарија во менаџирањето на агендата на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес и тоа во услови на пандемијата е од исклучително значење.

„Тоа јасно покажува дека можеме да практикуваме партнерски однос и негуваме европски пристап во меѓусебното комуницирање и функционирање. Заедничкото претседавање е всушност еден од тие мостови на соработка кои водат кон зголемена доверба и заеднички успех. Тоа е целта на договорот меѓу двете земји на рамката која што ја имаме усогласено, за историските прашања да разговараа експертските комисии, а истовремено да обезбедиме непречена политичка, економска, културна и општествена соработка. Овој процес е од голема важност за нас и за Бугарија, но и за европската иднина на регионот“, додаде Османи.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе