Шефот на дипломатијата со став

Османи: Клуб со име на цар Борис е на штета на македонските Бугари

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите кажа дека негов личен став е дека отворањето на клуб во Охрид кој го носи името на цар Бори Трети е на штета на бугарската заедница во земјава бидејќи претставува провокација. Османи се прашува дали некој свесно ги прави ваквите провокации за да им наштети како на угледот на бугарската заедница, така и на добрососедските односи. 

„Ние имавме соопштение како МНР ден пред отворањето на тој клуб. Имаше реакции зошто ние реагираме. И формално е така, зашто тоа и не е наша надлежност. Но имавме потреба да го изнесеме нашиот став. Мојот став е дека имаме два аспекти кои не треба да се мешаат:

Правото на здружување е уставно загарантирано право и важи за сите граѓани. Тоа е недвосмислено. Земјава е потписник на Конвенцијата за заштита на малцински права. Но во истата конвенција се вели и дека тоа се прави во духот на толеранција и добрососедство

Името е избрано такво, цар Борис, но мислам дека не е во духот на втората точка од конвенцијата, зашто не создава услови за толеранција, соживот и добрососедство. Го сметам името за провокација и мислам дека е на штета на бугарската заедница во Македонија. Дали тоа некој го прави свесно, не можам да кажам. Како човек на функции и со искуство, сметам дека е на штета на Бугарите во услови кога тие, според Протоколот и договорите со Бугарија имаат можност да ги развиваат своите активности како заедница Кој им го штити угледот и овде и пред меѓународната заедница не можам да кажам, но факт е дека не е во итнерес на Бугарите од Македонија. Тоа им пречи за афирмација на малцинските вредности на Бугарите во земјава. Но самите тие, како и  Бугарија е најдобро да кажат дали и колку штети трпат“, рече Османи.

Тој додаде дека имињаta како цар Борис и Иван Михајлов се така избрани што не само што се неприфатливи за нас во Макаедонија, туку, рече, и за пошироката меѓународна заедница.

На прашањето од новинарите, доколку МНР не е надлежно да иницира забрана за избор на име на здружени, дали исто така ниту МНР ниту државата не би можела да забрани здружение со име според Адолф Хитлер, Османи не одговори директно, но рече дека МНР и навистина нема надлежност во таа правна сфера и дека тој не е министер за правда.

Тој посочи дека ова е чувствително прашање и укажа на искуството со здружението „Радко" кое пред повеќе години беше забрането, а судот во Стразбур ја поништи одлуката на нашиот Суд дека без основа било забрането тоа име на организацијата.

Според министерот, полицијата во Охрид вчера делуваше превентивно и затоа овој настан, како што оцени, не би требало да биде злоупотребен против нашата држава ниту во контекстот на ЕУ, ниту во друг однос.

„Но секако има злонамерници кои ќе се обидат случајот да го искористат за навреди на Бугари и бугарската држава“, рече тој.

Во однос на изјавите на неговиот бугарски когела Николај Милов, на прашањето дали ги доживеа како мешање во внатрешните работи на Македонија, Османи одговори потврдно.

„Тоа е недозволиво мешање во внатрешните работи. Сакав тоа да му го кажам во Прата, на состанокот на Европската заедница, но не успеав, се надевам ќе му го кажам тоа на следното патување во Берлин“, рече Османи.

МКД.мк

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе