Османи и Милков разговараа за соработката меѓу Македонија и Бугарија

Европските интеграции на земјава и заложбите за продолжување на развојот на соработката меѓу Македонија и Бугарија во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, се прашањата за кои телефонски разговараа министерот за надворешни работи Бујар Османи и техничкиот министер во бигарската Влада, Николај Милков.

 

Како што соопшти МНР, Османи изразил подготвеност за континуитет во рамките на продлабочената соработка, со цел зацврстување на пријателството меѓу двете земји.

За време на разговорот бил поздравен почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ и била нагласена европска перспектива за земјава, како взаемен интерес не само на двете држави, туку и на целиот регион, и на самата Унија.

Двајцата министри размениле мислења и за партнерството во НАТО, со посебен фокус на кризата предизвикана од руската агресија врз Украина, потоа за идното претседавање на Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелни прашања од  надворешната политика.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе