Османи – Грлиќ Радман: 18 милиони луѓе од регионот ја очекуваат одлуката на Бугарија за Македонија

Очите на 18 милиони луѓе се во очекување каква одлука ќе донесе Бугарија за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата со хрватскиот министер Гордан Грлиќ Радман.

„Мислам дека граѓаните на Бугарија не сакаат да бидат кочничари на европската иднина на 18 милиони луѓе бидејќи тоа веќе не е ни прашање дали Северна Македонија ќе почне преговори, туку дали Западен Балкан ќе има воопшто европска перспектива“, рече Османи.

Тој додаде дека се надева дека бугарските политичари ќе се издигнат на нивото на задачата што ја имаат и нема да дозволат во Софија да се изгради споменик на гробот на најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години а тоа е политиката на проширување.

„Во рацете на Република Бугарија, земја која што во 2018 година ја врати европската агенда на Западен Балкан преку самитот во Софија, потоа ја запечати таа агенда Загреб преку нивното Претседателство, е дали сега во Софија ќе се погребе таа перспектива на Западниот Балкан“, рече Османи.

Грлиќ Радман, одговарајќи на новинарско прашање, порача дека ЕУ треба посилно да биде присутна во земјите на Западен Балкан, и потсети дека тој секогаш зборувал дека засиленото присуство на ЕУ на Западен Балкан е од суштинска важност за безбедноста, иднината и просперитетот, а присуството на ЕУ е знак дека Западен Балкан е геополитички простор на Унијата. Уште повеќе тоа значи и спречување на влијанието на трети земји.

Отворањето преговори со Северна Македонија е добар психолошки и важен момент и за граѓаните кои чекаат 17 години тоа да се случи. Северна Македонија направи се што е потребно, направи голем напредок во однос на останатите земји од Западен Балкан, спроведе реформи, граѓаните се проевропски и треба да се отвори ново поглавје на европската перспектива“, рече Грлиќ Радман.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе