Разговор со полскиот министер за надворешни работи

Османи до Рау: Решивме предизвици кои се чинеа како невозможна мисија, европската перспектива нема алтернатива

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Полска, Збигњев Рау, со кого зборувале за актуелни прашања од билатералните односи помеѓу двете земји, соработката во рамките на меѓународните организации и за евроинтегративниот процес на Македонија.

Како што соопшти МНР, Османи во разговорот истакнал дека Северна Македонија активирала огромна политичка енергија за да ја врати земјата на патот на ЕУ.

„Решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Успеавме зашто имавме силна мотивација – европската перспектива за нашата земја и за нашите граѓани. Ние велиме овој процес нема алтернатива. Верувам дека со нашите пријатели и соседи ќе го надминеме проблемот и ќе бидеме повторно пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Секој проблем е различен и специфичен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како политичари во своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот, и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите“, изјавил Османи.

Посебен акцент во разговорот бил ставен на соработката во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со која Полска ќе претседава во текот на 2022 година. Оваа соработка, чија цел е промоција на вредностите врз кои почива Организацијата – демократијата, мирот и стабилноста преку изградба на довербата преку дијалог и транспарентност, добива на значење во контекст на кандидатурата на Северна Македонија за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, која треба да биде разгледана на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ на почетокот на декември.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе