Поради исклучителни заслуги

Орден „8 Септември“ за полскиот претседател Бронислав Коморовски

Полскиот претседател Бронислав Коморовски денеска од претседателот Ѓорѓе Иванов доби високо признание орден „8 Септември".

Орденот му беше доделен поради исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива, рамноправна соработка меѓу двете земји, како и афирмација и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

Полскиот претседател Коморовски е во официјална посета на Македонија на покана на претседателот Иванов. Двајцата претседатели се сретнаа на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји.

На средбата претседателите констатирале дека помеѓу Република Македонија и Република Полска нема отворени прашања. Станало збор за стратегиските прашања, коишто се однесуваат на евроинтегративните процеси на Македонија и интеграцијата во НАТО.

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе