Општина Вевчани го осуди палењето на бугарското знаме

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на Вевчанскиот карневал, соопшти денеска градоначалникот Сашо Јанкоски.

Овој чин, според него, не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население.

„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимена со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, истакна Јанкоски.

Општина Вевчани и Вевчанци, нагласи тој, и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави.

„Упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот низ годините од речиси сите светските медиуми. Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи“, посочува Јанкоски во осудата.

На традиционалното палење василичарски маски, вчера во Вевчани беше запалено и знамето на Република Бугарија, кое беше дел од маските. 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе