Денеска кај Џафери требаше да се разговара за дополнувањата на Деловникот за да овозможи онлајн-гласање поради ситуацијата со ковид-19.
Опозицијата вели дека ставањето на дневен ред на дополнувањата на Деловникот на Собранието за седницата за в четврток било без договор со нив.
Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, за МИА најави дека тие ќе присуствуваат само на седници со точки на дневен ред за кои ќе проценат дека се од интерес за граѓаните, а не во интерес на политичките партии од власта.