Политичка пролет

Опозицијата најавува протести за предвремени избори, власта вели на гласање ќе се оди во 2024

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните, интелектуални и општествени групи да се обединат и да го спречат прифаќањето на бугарските барања да влезат во преговарачката рамка за членство во ЕУ што може да доведе до идентитетско обезличување. Ова решение е на директна штета на Македонија и македонскиот идентитет, велат од партијата и додаваат дека ќе ги искористат сите институционални и вонинституционални методи и алатки за што побрзо да се распишат предвремените избори. На ова премиерот Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ вели дека избори ќе има, ама во 2024 година.

Високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати изјавуваат дека нема да се откажат од нивното барање годинава да се оддржат предвремени парламентарни избори. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им порачува на македонските граѓани да бидат трпеливи, бидејќи планот за предвремени избори е речиси готов.

Јас сум сериозен човек и веќе го кројам планот како да издејствуваме предвремени парламентарни избори. Нормално дека имаме план, јас сум сериозен човек и секогаш во животот ги правам работите со план. Ќе ги искористиме сите институционални и вонинституционални методи и алатки за што побрзо да се распишат предвремените избори“, порача вчера од Охрид Мицкоски.

На сите овие изјави на опозициските лидери Димитар Ковачевски, премиерот и претседателот на владеачката СДСМ вели дека на земјава не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и дека нема да подлегне на никакви притисоци, закани и уцени.

На земјава не ѝ се потребни избори, туку лидерство за надминување на последиците од кризата. Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Ако единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш нема да имаме средба. Во овој момент на Македонија ѝ е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици што ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која сѐ уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација. Затоа, сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година“, вели Ковачевски.

И опозициските партии на Албанците во Македонија сметаат дека предвремени избори се неопходни за излез од кризата.

Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се договоривме за соработка на централно ниво, а како две опозициски партии ќе понудиме решение за проблемите со кои се соочува земјава во овие критични моменти, како што е патот кон интеграцијата во ЕУ и енергетската криза. Се договоривме во наредниве денови да одржиме активности за да имаме предвремени парламентарни избори и на тој начин волјата на граѓаните да биде изразена и на централната власт“, вели Билал Касами, претседателот на движењето Беса.

Тука е и партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците, која исто така е за предвремени избори. Од АА сметаат дека Собранието не функционира, дека парламентарното мнозинство е нестабилно, дека преговорите со Бугарија се проблематични, тука се и здравствената и енергетската криза...

На барањата на ВМРО-ДПМНЕ, Беса и Алијансата за Албанците за предвремни избори се приклучува и Левица. За нив новото владино мнозинство е продолжение на старото делегитимирано мнозинство, а преговорите со Бугарија се движат во насока на опасно редефинирање на државните карактеристики. Затоа неопходни се предвремени избори и нов собраниски состав за да може да се стави крај на долгогодишниот криминал и понижувања на државните органи преку стотици јавни скандали на СДСМ и ДУИ, велат од Левица.

 

ДУИ како и СДСМ, смета дека предвремени парламентарни избори нема да има. „Ние избравме Влада, максимално ѝ даваме поддршка на Владата. Парламентарните избори се предвидени во 2024, така што ние сме концентрирани на реализирање на владината програма. За таа програма дадовме доверба, гласавме и за кадровските решенија, но и за програмските определби на Владата, така што максимално сме фокусирани на политиките, на мерките и проектите кои се предвидени во владината програма“, велат од ДУИ.

А.Д.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе