Протестно писмо до Стејт департментот

ОМД: Ескобар да се извини за „северномакедонци“, тоа е навредливо за македонскиот народ

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) во петокот испрати протестно писмо до американскиот Стејт департмент со реакција околу употребата на „северномакедонците” од страна на заменикот државен секретар задолжен за Балканот, Габриел Ескобар и побара јавно извинување кон македонскиот народ.

Ескобар на прес-конференција минатата недела изјави дека „северномакедонците се Европејци” без да се самокоригира или некој од новинарите да се побуни за време на прес конференцијата.

„Ескобар е скоро две години на функција и имал ред состаноци со македонски соговорници, вклучувајќи го Стратешкиот дијалог на 2 јуни 2022 година, и сме зачудени дека таква ‘грешка‘ би направил.

По потпишување на неуставниот Преспански договор во 2018 година, сѐ почесто меѓународната заедница го користи зборот ‘северномакедонци‘ што е спротивно на самиот договор, а и навредувачки кон македонскиот народ кој е во мнозинство против Преспанскиот договор“, велат од ОМД.

Според Организацијата на Македонците, користењето на зборот „северномакедонци“ ја продолжува долгогодишната дискриминација кон македонскиот народ и ги згрозува нашите човекови права внатре и надвор од државата.

ОМД, како што додаваат оттаму, секојдневно се соочува со вакви примери и како и досега, и понатаму секогаш ќе ги коригира ваквите изјави на официјални лица или написи на медиуми кои погрешно ќе адресираат до македонската нација и држава.

 

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе