Народниот правобранител за почетокот на учебната година

Омбудсманот бара редовно да се следат состојбите и ако треба брзо да се премине на онлајн настава

Народниот правобранител ги повикува надлежните институции редовно да ја монит да ја мониторираат епидемиолошката состојба и во случај на нејзино влошување, Министерството за образование да овозможи брзо и флексибилно преминување кон други модели на настава заради заштита на здравјето на учениците, наставниот и ненаставниот кадар од училиштата. Омбудсманот бара да се овозможи непречено учество и следење на наставата на сите ученици, на подеднаква основа, а образованието на училиште или од дома да биде достапно за секое дете.

Во соопштението од Народниот правобранител, кој директно им се обраќа и на  учениците, родителите/старатели, на наставниците и стручните лица во училиштата, се вели дека настава со физичко присуство и со полн капацитет е најдобриот начин на стекнување на знаења и вештини и место за социјализација и дружење.

„Со оглед на се уште присутната пандемија од корона вирусот, а со цел зачувување на здравјето и спречување на ширењето на Ковид-19 во рамки на училиштата, Народниот правобранител потсетува дека сите треба максимално да се придржуваат до утврдените Протоколи за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците, и во таа насока потребно е секој од свој аспект да придонесе за безбедно и непречено одвивање на образовниот процес на децата.

Народниот правобранител го поздравува донесувањето на Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализиација на воспитно-образованиот процес со физичко присуство на учениците, како и Планот за одржување на наставата во овие училишта, особено што надлежното Министерство цврсто стои на ставот дека е подготвено за имплементирање на било кое од другите два модели за настава, покрај физичкото присуство на учениците во училиштата (учење од далечина и комбинирање на физичко присуство и учење од далечина), доколку за тоа има потреба . Во овој контекст апелира надлежните органи редовно да ја мониторираат епидемиолошката состојба и во случај на влошување на истата, Министерството за образование да овозможи брзо и флексибилно преминување кон други модели на настава заради заштита на здравјето на учениците, наставниот и ненаставниот кадар од училиштата“, се вели во соопштението на Народниот правобранител.

Народниот правобранител, исто така препорачува ресорното министерство и надлежните органи да ги преземат сите мерки и дејствија за минимизирање, и по можност целосно отстранување на пречките за непречено учество и следење на наставата на сите ученици, на подеднаква основа, при што сериозно треба да се преземат мерки за унапредување на наставата од далечина, со особен фокус кон процесот на проверка на знаењата на учениците и оценувањето во случај да наставниот процес се остварува со учење од далечина.

Според Народниот правобранител, во училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете, и истото треба да биде сеопфатно и квалитетно. Токму поради тоа Народниот правобранител потсетува дека е потребно да се обезбедат услови за најмаргинализираните и најисклучените деца, децата од социјално ранливи семејства, кои доколку следат настава со физичко пристсво на училиште треба да имаат постојан пристап до заштитна опрема (маски), а доколку следат онлајн настава да имаат пристап до технологија и интернет, што за овие семејства реално претставува голем проблем

Имајќи предвид дека од оваа учебна година инклузираните ученици со попреченост во општинските основни училишта ќе добијат образовни асистенти кои ќе им бидат доделени од страна на училиштата во кои учат, а во соработка со основните училишта со ресурсен центар, како и можноста образовните асистенти кои обезбедуваат поддршка на учениците со попреченост, истата да ја даваат во рамки на училиштето, или во домовите на учениците, доколку наставата ја следат од далачина, Народниот правобранител укажува да се забрза процесот на доделување на асистенти, со цел уште од почетокот на учебната година секое дете кое согласно препораката на Стручните тела за функционална проценка има потреба од асистенција, да ја има обезбедено навремено и да ја користи во континуитет.

Народниот правобранител потсетува дека секое дете има право на квалитетно образование со почитување и унапредување на неговото достоинство и оптимален развој. Овој пристап заснован на човековите права на детето го признаваат и Конвенцијата за правата на детето (КПД) и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП), па следствено, обврска на државата е да гарантира квалитетно образование за сите, и да обезбеди целосна поддршка за развој на потенцијалот на секое дете.

„Впрочем, за исполнување, односно почитување на овој пристап може да стане збор само кога сите деца, вклучувајќи ги и најмаргинализираните и најисклучени деца, се вклучени во општиот образовен систем и добиваат сеопфатно и квалитетно образование“, вели Народниот правобранител.

Народниот правобранител на сите ученици, родители и наставници им посакува успешна учебна година, посебно на првачињата кои за првпат ќе го слушнат училишното ѕвонче, апелирајќи до семејствата, наставниците и сите други да помогнат учебната година да проследи во добро здравје, со чувство на безбедност и обезбедена поддршка за справување со новите предизвици, потсетувајќи притоа дека вратите на институцијата Народен правобранител се секогаш отворени во насока кон заштита на нивните права.

„Воедно информираме дека при канцеларијата на Народниот правобранител функционира бесплатната телефонска СОС линија за деца и млади, и на бројот 0800 88 500 секој од децата ќе може да пријави каков било проблем, прекршување на некое нивно право, но и да сподели свои размислувања околу прашања поврзани со нивните права“, се вели во соопштението.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе