Влада

Оглас за 80 високи државни раководни функции

Владата денеска ќе објави оглас за вработување на 80 раководни лица за државни раководни функции - директори и заменик-директори на државни агенции, крупни државни претпријатија, раководители на подрачни единици, на инспекторати, јавни претпријатија, државни секретари во определени министерства, амбасадори, генерални конзули на земјава во странство, раководни функции на подрачно ниво, на фондовите и инспекторати.

Александар Ѓорѓиев

„Овој оглас се однесува на позиции каде што раководните функции се веќе испразнети, не се пополнети во рамките на определена агенција, министерство, фонд, инспекторат, трговско друштво, како и на лицата на кои во текот на годината им истекува мандатот на раководната функција и позиции каде што постои вршител на должност. Сите заинтересирани лица, без оглед на нивната верска, политичка или каква било друга припадност, ќе може да аплицираат до 31 мај“, изјави Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата.

Стручен владин тим ќе ги разгледува апликациите и ќе ги избере оние лица чии карактеристики најмногу одговараат на отворените работни позиции.

„Апелирам сите лица што имаат верба во себе и кои поседуваат одредени перформанси, капацитети, знаења и вештини, кои силно веруваат во себе и се високо мотивирани да придонесат во извршувањето на позициите од извршната власт, реализација на мерките и политиките, реформите на владата, да аплицираат на овој оглас со цел да бидат ангажирани и да придонесат во извршувањето на работите што се од интерес на сите“, рече Ѓорѓиев.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе